Apple ќе мора да ја прекине продажбата на нивните два најнови модели на паметни часовници, Watch Series 9 и Watch Ultra 2 во САД. Прекинот на продажбата ќе започне од 21 декември преку веб продавницата, додека од 24-ти истото ќе се случи и со продавниците.

Причината за ова е спорот кој го има компанијата со Masimo, компанија која има патент апликации за технологиите кои се користат во паметните часовници, поточно во делот за здравствените функции.

Спорот е добиен пред американската ITC, на чија одлука претседателот на САД има право да постави вето, во рок од 60 дена, односно во периодот на „60-day Presidential Review Period“.

Рокот истекува на 25 декември и се верува дека Бајден нема да постави вето, а тоа како алатка многу ретко се користи, па во главно има примери за само неколку пати изминатите 40-50 години.

Masimo има поднесено тужба и до американски суд, но поради бавното течење на процесот поднесена е и претставката до ITC. Од компанијата тврдат дека Apple имаат прекршено голем број на нивните патенти, но ITC позитивно одлучи само за два поврзани со технологијата за мерење на кислородот во крвта.

Иако има уште неколку денови до рокот за претседателот, Apple веќе почнува со процесот на стопирање на продажбата, односно поточно паузирање, зошто мали се шансите да наскоро не најдат некакво решение.

Проблемите помеѓу Apple и Masimo почнуваат уште од 2020 кога од компанијата поднесуваат тужба до окружниот суд на централната калифорниска област, а претставката пред ITC е од 2021.

Остануваат уште неколку денови, па ќе видиме што точно ќе се случи. Продажбата во остатокот од светот ќе продолжи, што значи дека ова ги засега во главно американските купувачи, иако поради нивниот процент, ова е проблем за целата компанија.

Ажурирано на 20.12.2023 со измени во делот каде се истакнува дека Apple нема да може да ги продава часовниците и преку другите продавачи, но истото се однесува само на нивните продавници.

ИЗВОР9to5Mac
ИЗВОР 2MacRumors
Претходна статијаЗимата е позабавна со премиерите на Pickbox NOW – Улицата во којашто живеам (The Street Where I Live) и Нашата куќа (Our House)
Следна статијаAdobe се откажа од купувањето на Figma по неуспешното добивање на дозвола од регулаторните тела
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.