Со доаѓањето на постудените денови, се пружа идеална прилика за уживање во топлината на домот со премиерите на скандинавските и британските серии на Pickbox NOW. Покрај забавните божиќни филмови, Pickbox NOW издвојува два неодоливи фаворити за опуштање под топлото ќебе – Улицата во којашто живеам (The Street Where I Live) и Нашата куќа (Our House).

Добитната комбинација на емотивна драма и британски трилер ќе ги исполни празниците со забава и содржини за непрекинато гледање.

ОД ПЕСНА ДО МАЛИТЕ ЕКРАНИ

Драмата на Viaplay Улицата во којашто живеам е инспирирана од хит-песната на една од најголемите шведски музичарки Лена Филипсон, која исто така е една до ѕвездите на серијата. Емотивната приказна за љубовта и загубата низ шест епизоди ја следи вдовицата Нина, која започнува нова врска четири години по смртта на сопругот. Нејзината одлука предизвикува драматични и неочекувани реакции, како од нејзиното семејство, така и од соседите. Серијата веќе е достапна на Pickbox NOW.

БРИТАНСКИ ВИД НА МИСТЕРИЈА

На 20 декември на Pickbox NOW доаѓа нов вид на британска драма, исполнет со неизвесни моменти и пресврти до првата епизода. Засновано на бестселерот на Луиз Кендлиш, Нашата куќа е морничава драма која ја следи младата Фи Лоусон која доаѓа дома и наоѓа непознато семејство како се вселува во нејзиниот дом, додека нејзиниот сопруг Брем исчезнува. Тоа е само почеток на домотување на клопчето од тајни и лаги во оваа напната британска мини серија.

За да нема недостаток од празничен дух, на стриминг сервисот Pickbox NOW достапни се три божиќни филмови бесплатно – сè што е потребно е само регистрација. Немојте да ги пропуштите Кралска свршувачка за Божиќ (A Royal Christmas Engagement), Божиќна лотарија (The Christmas Lottery) и Мост, дел 1 (Karen Kingsbury’s The Bridge).

Претходна статијаPanasonic во соработка со Sila работи на батерии за електричните возила кои треба да овозможат поголема километража и побрзо полнење
Следна статијаApple ќе ја паузира продажбата на Watch 9 и Watch Ultra 2 во САД