Amazon претстави уште еден производ од категоријата за нарачка на производи, наречени Dash копчиња. Овие уреди се врзуваат на безжичната мрежа на корисникот и имаат задача да извршуваат само една функција – да нарачаат некој конкретен производ по негова команда.
На пример, само што сте го потрошиле детергентот за машината за перење. Место да одите до компјутер, па да отворате Amazon, па да нарачате нова кеса, со притискање на копчето закачено на или во близина на самата машина за перење оваа нарачка автоматски ќе се изврши. По неколку дена ќе ви стигне нова кеса, а вие сте скратиле некое време од нарачување.
Засега уредите ќе работат само со посебни производи и производители и нема да можете да ги назначите на кој производ сакате. Ова е направено нормално како тест период, а и како начин низ партнерство со други компании Amazon да ги прошири и смести овие уреди на пазарот.
https://www.youtube.com/watch?v=NMacTuHPWFI
Самите уреди на својата задна страна имаат леплива лента која им овозможува да бидат сместени на било која површина. При програмирањето на нивната работа се употребени и некои паметни алгоритми кои „сфаќаат“ дека веќе сте направиле нарачка. Во случај да сте го стиснале копчето еднаш, LE диодата почнува да трепка додека се извршува командата и на крајот покажува стабилно зелено светло, што значи дека нарачката била успешно извршена (a вие добивате известување на преносниот уред за потврда или откажување на нарачката). (Ако ја оставите таа опција во нагодувањата на вашата Amazon сметка) дур не стигне производот не можете да нарачате повторно со притиснување, што е навистина добра опција особено со мали деца по домот.
По стискањето на копчето можете да го оставите да се изврши нарачката или пак да влезете во вашата Amazon сметка и да ја уредите нарачката, за што ќе имате ограничено време од понекој ден. Amazon секако планира овие уреди да се прошират насекаде во домаќинствата и канцелариите, па останува да видиме каков ќе биде нивниот пазарен успех. Комбинацијата на човекова креативност со човековата мрзеливост ќе придонесе за уште повеќе вакви уреди да се појавуваат и да го „олеснуваат“ животот.