Алцхајмеровата болест е една од најскапите заболувања по животот на човекот и неговите блиски. Таа е деструктивна и предизвикува големи пореметувања во менталното и физичкото здравје, што на крај води кон смрт.
Досега се претпоставуваше дека две белковини (протеини), тау и амилоид, се одговорни за самата болест, но научниците не беа во можност да утврдат кој точно е најодговорен за истата (ако воопшто постои таков). Според најновата студија на Мајо клиниката врз 3.500+ донирани мозоци, најверојатниот причинител на Алцхајмеровата болест е токму тау белковината, а не амилоид.
Имено, истражувачите од Мајо клиниката во САД направиле анализа на донираните мозоци и ги забележувале концентрациите на овие белковини кај луѓето кои ја имале оваа болест. Според нив, тау белковината првично се акумулира во хипокампусот (кој е дел од мозокот одговорен за меморија и учење) па потоа се шири кон сивата кора. За разлика од тау, амилоид се акумулира првично во сивата кора па тек потоа во хипокампусот.
Истражувачите дополнително утврдиле дека според количеството на акумулат од тау можат да ја утврдат и фазата на болеста. Кога ја анализирале концентрацијата на тау и амилоид во однос на фазите на болеста, утврдиле дека болеста коренсподира со концентрацијата на тау, но не со таа на амилоид.
Ако ова истражување е точно, тогаш тоа би значело дека ќе бидеме на патот на развивање на лек за оваа страшна болест со оглед на тоа што ќе знаеме што точно ја предизвикува.
Алцхајмеровата болест е за прв пат опишана од Алоа Алцхајмер во 1906 година. Таа претставува невродегенеративна болест која ги заболува нервите во целиот нервен систем, а особено во мозокот. Заболувањето се случува преку акумулација на тау белковините, кои погрешно се свиткуваат и градат и така ја „загадуваат“ нервната клетка. Со тоа постапно и` оневозможуваат да функционира нормално и таа на крајот умира.
Болните со Алцхајмерова болест постапно добиваат симптоми кои се налик тие на нормално стареење. Се појавуваат симптоми на заборавање, неснаоѓање во простор и губење, неконтролирање на делови од телото, повлекување од околината, неспособност за грижа за себеси и на крај смрт. Прогнозата на живот со Алцхајмерова болест е во просек 6 години. Отприлика 6% од населението ја добива оваа болест.
Извор: IFScience, CBS, Eurekalert