international-space-station

Моменталниот договор помеѓу САД и Русија е дека Меѓународната Вселенска Станица ќе биде финансирана до 2024 година, што значи дека соработката помеѓу двете држави ќе трае дотогаш, барем за вселенски проекти.

Но, коментари направени од страна на Руската вселенска агенција сугестираат дека САД и Русија ќе соработуваат и понатаму во изградбата на нова вселенска станица која треба да биде следбеник на Меѓународната Вселенска Станица.

Иако се’ уште нема формални договори потпишани за оваа соработка, од НАСА е изјавено дека не се на видик нови партнерства, но секако дека целта е да се продолжат тие што се активни во моментот.

Од НАСА исто изјавуваат дека идните партнерства ќе вклучуваат и мисии до Марс. Моментално се работи на одредување на најефикасниот начин на искористување на ресурсите и се распределува работата за да се избегне двојно работење на истата задача.

Игор Комаров, шефот на Руската вселенска агенција изјавил дека проектот може да вклучува и држави кои моментално не се дел од проектот за Меѓународната вселенска станица. Иако Меѓународната вселенска станица е поделена на руски и американски дел, програмата ја поддржуваат: САД, Русија, Јапонија, Франција и Канада.

Иако САД и Русија се ривали во многу аспекти, истражувањето на вселената во последниве две-три децении по се изгледа дека им е од заеднички интерес и многу често двете држави почнуваат да здружуваат сили во име на науката.

Последната мисија се одвиваше на 27 Март, каде што беа пратени двајца астронаути, Скот Кели (САД) и Михаил Корниенко (Русија), до Меѓународната вселенска станица каде што ќе останат цела година со цел да се истражат ефектите на изложувањето на телото во услови каде што нема гравитација. Резултатите се потребни за мисиите до Марс, бидејќи патот е доста долг.

Извори: International Business Times, Space

Претходна статијаОткриен можниот предизвикувач на Алцхајмеровата болест
Следна статијаSnapPower Charger – Штекер со USB порта