Покрај претставувањето на нивниот прв телефон со предна камера под екранот, Xiaomi вчера претставија и уште еден тотално неочекуван производ. Се работи за робот, поточно четириножен робот кој е направен да наликува на куче.

Соодветно на изгледот, роботот се вика CyberDog и е замислен да ја прикаже инженерската умешност, како што истакнуваат од Xiaomi, на компанијата. Тоа значи дека во овој робот се вградени повеќе технологии на кои работи компанијата и со тоа ќе може да се види напредокот и што може да се очекува од нив во иднина.

CyberDog е направен со отворен код, што значи дека тие што ќе го купат ќе можат да го програмираат како што сакаат, а ќе можат и да му додаваат можности.

Од Xiaomi најавуваат дека ќе произведат 1.000 единици од CyberDog по цен од околу 1.300 евра и ќе биде наменет за фановите на Xiaomi, инженери, како и роботски ентузијасти. Од компанијата планираат да направат и заедница преку која ќе се споделува напредокот и резултатите помеѓу развивачите од светот.

Xiaomi истакнува дека CyberDog е направен со серво мотори кои се развиени од страна на компанијата и најавуваат одлична брзина, агилност, како и различни видови на движења, па дури и можност за превртување.

Главниот дел кој е задолжен за работата на CyberDog ќе биде Nvidia Jetson Xavier NX платформата, 48 Tensor јадра, како и 6 Carmel ARM процесори. Вештачката интелигенција ќе биде голем дел од работата на „кучето“ кое ќе може да се прилагодува на околината, да ја учи и да ги избегнува потенцијалните препреки.

ИЗВОРXiaomi
Претходна статијаNortonLifeLock и Avast постигнаа договор за спојување на двете компании
Следна статијаSamsung ги претстави Galaxy Z Fold3 5G и Galaxy Z Flip3 5G – нова ера во иновациите на мобилните телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.