Познатата компанија порано позната по името Symantec, NortonLifeLock и исто така познатата Avast, склучија договор за спојување со кој двете компании ќе добијат значително поголем пазарен удел во светот.

Пред 5 години Avast го купи познатиот конкурент AVG, па сега може да се каже дека на пазарот ќе функционира компанија зад која ќе стојат технологиите од овие три компании.

Според информациите, со спојувањето на двете компании тие ќе овозможуваат сервиси на повеќе од 500 милиони корисници во светот, а се очекува и раст вредноста од 280 милиони долари во наредната година.

NortonLifeLock е одамна позната и ценета компанија во областа на онлајн безбедноста. Порано под името Symantec, а Norton се користеше како бренд за комерцијалните производи, сега се вика NortonLifeLock по продажбата на делот за бизнис корисници на Broadcom.

Avast е компанија која е основана во Чешка и одамна им е позната на корисниците, посебно во овој дел од светот. Може да се каже дека најголемата популарност ја доби со пуштањето на бесплатна верзија од нивниот антивирусен софтвер, нешто што потоа стана стандардно и од другите компании.

ИЗВОРBusinessWire
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаДостапен Firefox 91 со подобрувања кај приватноста на корисниците
Следна статијаXiaomi претстави четириножен робот со отворен код
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.