Вселената е прекрасно, во главно празно место исполнето со по некоја галаксија или црна дупка. Но вселената веднаш до нас околу Земјата и не е толку празна. Годините исфрлање отпадни материјали и парчиња од разни сателити и вселенски мисии остави состојба во која во Земјината орбита летаат милиони парчиња кои понекогаш се движат со огромни брзини. Тие така претставуваат опасност за идните вселенски мисии кои можат да бидат попречени или да настанат огромни катастрофи ако некое парче од неколку десеттици сантиметри се движи со брзина од неколку километри во секунда и удри во некоја ракета или сателит.

Токму затоа компанијата EOS (Electro Optic Systems) почнува да се фокусира на уништување на ваквите парчиња вселенско ѓубре користејќи ласери. Системот е замислен да се оствари во неколку фази. Во првата, користејќи скенирачки ласери ќе се пронајдат и означат ваквите парчиња со цел да им се претстават на идните вселенски мисии кои ќе се обидат да ги избегнат. Оваа фаза е потпомогната од Локхид Мартин, кој ќе соработува со EOS на градење на следечка станица во Австралија.

Главната фаза на овој процес вклучува ласер за парчињата да се поместат од својата орбита и да почнат да паѓаат кон Земјата по што ќе согорат и веќе нема да претставуваат проблем. EOS претпоставува дека има околу 20 илјади вакви објекти кои се критични. Покрај сингуларни настани, можно е при удар со некој од овие објекти да се предизвика и верижна реакција од удирање на истите од други, уништувајќи веќе постоечка опрема во орбита.

Овој проект треба да се оствари во следните две децении. Изгледа дека космонаутите веќе нема да смеат да фрлаат ѓубре произволно во вселената и ќе мора да го чуваат со себе како сите примерни граѓани.

Извор: Geek, BBC

Претходна статијаMicrosoft ги направи бесплатни мобилните верзии од Office
Следна статијаEFF: Кои апликации и сервиси за комуникација се навистина безбедни?