PMG_Image_WorkSeamless_570x315

Microsoft Office пакетот на програми се’ уште е број еден кај корисниците, а посебно компаниите. Меѓутоа иако десктоп верзиите се редовно надградувани, мобилните верзии од Office кои што и така прилично касно беа претставени, не можеше да се каже дека вреди да се користат до претставувањето на Office for iPad оваа година. Оценките за трите посебни Word, Excel и PowerPoint апликации беа одлични, а тоа можеше да се види и од огромниот број на симнувања на истите.

Сепак овие апликации им овозможуваа на корисниците само можност за отворање и прегледување на документите. Функциите за менување и работа со нив беше достапна само за корисниците кои што се имаат претплатено на некој од Office 365 пакетите. Оваа политика за користење на апликациите потенцијално претставува проблем во време кога конкуренцијата на производите од оваа компанија е се поголема, а доста од нивните производи не се веќе на високите места каде што порано беа. Office производот со тоа стана еден од главните производи на компанијата кој што се’ уште добро се носи со притисокот од конкуренцијата.

Од денес Office for iPad апликациите се надградени со неколку нови функции, меѓу кои и можноста за менување и работа со документите без потреба од Office 365 претплата. Сепак некои од функциите за работа со документите кои што се сметаат за понапредни ќе останат достапни за корисниците на Office 365, меѓутоа работата што повеќето корисници би сакале да ја завршат сега им е достапна бесплатно.

Excel-for-iPad-hero

Корисниците на OneDrive for Business сепак ќе мора да имаат и претплата на Office 365 и понатаму за да можат да работат со документите во апликациите. Истото важи и за корисниците на Dropbox for Business кои што добија интеграција со Office со новата соработка помеѓу двете компании. Корисниците на обичните пакети на Dropbox ќе можат да работат со своите документи бесплатно исто како и корисниците на OneDrive.

Денеска од Microsoft исто така претставија и нови Office апликации за iPhone, нешто што досега беше достапно како една Office for Mobile апликација. Исто како на iPad, корисниците на iPhone сега имаат три посебни апликации (Word, Excel и PowerPoint) кои што се направени во истиот стил. Сепак поради тоа што се наменети за мобилен телефон, направени се одредени промени во дизајнот, додека достапните функции се достапни целосно.

office-apps-iphone

Најавената верзија на Office за Android таблет компјутерите исто така денеска влегува во наредна фаза, па заинтересираните корисници ќе можат да се регистрираат за тестирање на Preview верзијата за овој оперативен систем. Регистрацијата не гарантира дека ќе добиете покана поради ограничениот број на места планирани за доделување.

Bringing-Office-to-Everyone-5

Office верзијата за Windows уредите кои имаат екрани на допир конечно е најавена за идната година со претставувањето на Windows 10. На својот блог од Office најавија дека ќе имаат повеќе информации за апликациите во периодот што следи.

Извор: Office, ZDNet, The Verge

Претходна статијаНаучниците го имаат сопрено процесот на стареење кај глувците, сакаат да го постигнат истото кај луѓето
Следна статијаВселенското ѓубре ќе се уништува со ласер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.