Volvo, познатиот шведски производител на автомобили и камиони, минатата година најави дека е во развој на нов камион, конкретно влекач, којшто е електричен и автономен, па дури и нема можност и место за возач.

Овој камион треба да ги замени стандардните, за почеток не за пренос на производи на подолги релации, туку за пренос од една до друга локација на компанијата кои се наоѓаат поблиску.

Првиот договор за користење на Volvo Vera, како што е името на камионот, Volvo го направи со шведската компанија DFDS, која ќе ја користи Vera за пренесување на производи од еден од нивните логистички центри, до пристаништето во Гетеборг, Шведска.

Камионот ќе може да се движи со брзина до 40 километри на час, а ќе биде цело време поврзан со контролен центар којшто ќе биде задолжен за безбедноста, како на товарот, така и на околниот сообраќај.

Vera во својата прва работа ќе поминува во одреден дел од рутата и низ јавен пат, што значи дека ова ќе претставува одличен тест за оваа технологија и нејзината безбедност.

„Автономниот транспорт со ниско ниво на бучава и нула издувни гасови игра важна улога во иднината на логистиката и ќе придонесе за подобрување на бизнисите и општеството.“ – истакна Микаел Карлсон, потпретседател на автономните решенија во Volvo Trucks.

ИЗВОРVolvo
Претходна статијаHuawei очекува пад на продажбата на смартфони до 40% и пад на планираните приходи до 30 милијарди долари
Следна статијаПартнерство на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.