upp-1
Cnet

Пост-компјутерскиот свет е насочен кон мобилните технологии, што значи дека се повеќе сме загрижени за тоа нашите различни преносни уреди да бидат наполнети во текот на целиот ден. Поголемиот дел од времето сме во можност да ги наполниме нашите смартфони или таблети со користење на стандарден извор на енергија, но мора да постои и алтернативно решение кога ја немаме таа можност.

Upp горивните ќелии се интересна опција. Развиен од енергетскиот технолошки специјалист Intelligent Energy, Upp беше првично лансиран во Африка во ноември минатата година, воден од идејата да се создаде обновлива, еколошки прифатлива енергија. Во горивните ќелии од гориво богато со водород со електрохемиски процес се издвојува водородот, кој во комбинација со кислород произведува енергија и вода, па така наместо да согорува, со ефикасна електрохемиска постапка од него се добива енергија.

Станува збор за USB полнач во кој се приклучува кертриџ што содржи водород, па на тој начин се создава Proton Exchange Membrane (PEM) горивна ќелија. Работи со создавање на хемиска реакција која произведува електрична енергија. Единствените нус производи се топлина и водена пареа.

За разлика од батериите, Upp не се деградира со текот на времето, па може одновно да биде наполнет од страна на производителот така што ќе бидеме во можност да продолжиме да го користиме производот неограничено. Овој полнач е исто толку брз како и стандардните полначи и е прилагоден за мобилни телефони, но не е толку добро решение за таблети.

Како фукционира Upp?

Upp e PEM горивна ќелија која се состои од два дела: кертриџ кој содржи гориво богато со водород кое се оддржува во метал хидрид форма со голема густина; и блок од горивна ќелија кој содржи биполарни плочи (аноди и катоди) и вентилатори кои ја растеруваат водената пареа која настанува како резултат на електрохемиската реакција меѓу водородот и кислородот. Горивниот ќелиски блок е со димензии 119,5mm x 40mm x 48mm и тежи 235g, додека пак кертриџот е помал но тежи 385g, што дава вкупна маса од 620 грама.

upp-2
Cnet

Исто така уредот има и адаптер со капак за заштита на протокот на водород кога двата дела не се поврзани (како што и треба да биде кога уредот не се користи).

За што може да се користи Upp?

Накратко, Upp може да се користи за секој уред кој може да биде наполнет преку USB, горивната ќелија има USB type A сокет на својата долна страна. Значи може да се користи за полнење на телефони, смартфони и iOS или Android таблети. Според техничките спецификации, капацитетот на ќелијата од 25Wh може целосно да наполни еден типичен смартфон 5 пати, додека пак кај таблетите можно е само едно целосно полнење од еден кертриџ.

Достапна е и мобилна апликација чии карактеристики се детален преглед на преостанатото ниво на енергија, интерактивна мапа за пронаоѓање на најблиската станица за размена на кертриџ, како и шема за мониторирање на енегретските статистики.

Најголемата мана е цената, моментално за овој уред треба да одвоите околу 200$, а се доплаќа и за полнење на потрошениот кертриџ. Непрактична е исто така и неговата големина.

Извор: Beupp, Cnet

Претходна статијаHaven, целосно нов механизам за заклучување на врати
Следна статијаСоларни панели од наредната генерација речиси невидливи за човечкото око