Како што беше најавено, тунелот кој поминува под Лос Анџелес, поточно во само еден дел одградот, а започнува во приградска населба, овој месец е завршен. Елон Маск во текот на вчерашниот ден официјално го презентира завршениот тунел, но без бесплатни возења за јавноста како што беше претходно најавено, а поради големиот интерес.
Целта на The Boring Company е да покаже дека нивната технологија за копање на тунели е побрза и значително поевтина од останатите. Овој тунел чинел само 10 милиони долари, додека се тврди дека сличен тунел направен со стандардната достапна технологија би чинел и до милијарда долари.
Системот е замислено да со лифт ги спушти возилата или патниците во посебно направено возило, до тунелот, по што со големи брзини ќе се движат низ него. Големите брзини би се постигнале со електричниот систем за придвижување, но во овој период не беше претставен, па можеше да се види само Tesla како вози низ тунелот.
Инаку, возилата ќе може да возат низ тунелот со додавање на посебни тркала граничници на своето возило, со што ќе се осигура дека нема да се удрат во тунелот кој е доволно широк да собере едно возило.
The Boring Company Loop system pic.twitter.com/xVpDHzZKXB
— The Boring Company (@boringcompany) December 19, 2018
Ова е само почетокот и пример за тоа што може да постигне The Boring Company, па останува да видиме дали ќе се зголеми бројот на тунели и подобри сообраќајни решенија во иднина.