red_models_wide-2b582a7f544d8946175ae0f34f81648fded864ad-s800-c85

Највеќето модерни автомобили имаат внатрешен компјутер кој управува со разните системи кои помагаат на возачот во неговата работа, како ABS, ESP, TC и други. Особено кога се работи за возила од средна и висока класа, нивните компјутери држат во свои раце еден куп функции и постапки зависни од информации доставени од разни сензори, со кои ја регулираат потрошувачката, моќноста, можното пролизгување, автоматско паркирање…

Секој компјутер може да се хакне. Колку тешко или лесно е во зависност од тоа колку внимание на заштита посветиле произведувачите. Истото важи и за автомобилските компјутери. Тие почнуваат да стануваат постојано врзани преку безжични мрежи, кои пак овозможуваат да бидат контролирани, каков што беше случајот со Фиат Крајслер. Дополнително, двајца истражувачи докажаа дека и Tesla S може да се хакне, што не е воопшто чудно.

Тоа што е импресивно е дека возилото е прилично тешко да се пробие, и ви треба физички пристап до истото. Имено, Кевин Мехафи и Марк Роџерс започнале со вадење на делови од маската и управувачката површина на Tesla S за да се обидат да најдат дигитален влез во системот. Го пронашле во вид на Ethernet влез кој е скриен или зад екранот осетлив на допир, или некаде од левата страна зад специјална плоча на маската. Преку Ethernet влезот тие влегле во виртуелната приватна мрежа (ВПМ) на Tesla, преку која го симнале и декомпилирале firmware-от на автомобилот.

Самиот firmware содржел патоказ до папка со необезбедени лозинки. Тие ги искористиле лозинките за да ја излажат безжичната мрежа на сервисните центри на Tesla за да им даде програм наречен QtCarVehicle, кој пак ги контролира сите функции на возилото. Со помош на истиот тие успешно го исклучиле возилото на сред работа, кога се движело со бавна брзина.

Од Tesla веќе го закрпија овој пропуст, а и нема простор за паника бидејќи за да го искористат хакерите треба да имаат долготраен физички пристап до возилото.

Од друга страна, размерот на софтверски и хардверски дупки кои можат да се искористат за да се пробие никогаш не можат да се знаат целосно, па пробивање преку безжична мрежа теоретски е возможно да биде демонстрирано во иднина, и без директен физички пристап. Двата хакера со бела капа за Tesla S изјавија дека е „најбезбедното возило кое сме го виделе“. Дали е така ќе покаже иднината.

Извор: Mashable, NPR.org

Претходна статијаКреатор на игри од Microsoft направи специјален Minecraft компјутер
Следна статијаAirbus работи на патнички авион четири пати побрз од звукот