0717_tesla1

Бавен ви е компјутерот? Купете му уште RAM меморија и инсталирајте му SSD тврд диск. Ја исполнивте целата внатрешна меморија на телефонот? Купете надворешна Flash картичка од 64 гигабајти. Бавен ви е Tesla Model S P85 со модусот на возење „Insane Mode“ со кој постигнуваше од 0 до 100 км/ч за 3,2 секунди? Платете 10.000 долари и добијте надградба, модусот „Ludicrous“ кој ќе ве „полета“ од 0 до 100 км/ч за 2,8 секунди.

Да, и тоа време стигна – да можеме да си ги надградуваме автомобилите по желба. Способноста на електронските и електроничките компоненти да бидат надградени и лесно заменети го искористуваат од Tesla за да овозможат нивните корисници да не купуваат нови возила кога сакаат да ги надградат со нови перформанси. Едноставно, се менува или моторот или софтверот на внатрешниот компјутер и возилото вози во нов (веројатно) подобрен модус на работа.

Елон Маск изјави дека ќе има и уште побрз мод на возење на кој не му го кажа името. Со Ludicrous, Model S P85 остварува забрзување од 1,1 земјино забрзување, што е побрзо отколку слободен пад. Имајќи предвид дека на пат се модуларните слободно-надградливи компоненти, нема да биде воопшто чудно да добиваме што повеќе автомобили во иднина кои ќе можат лесно да се надградат, да им се сменат внатрешните компоненти, па дури и да им се менува надворешниот дизајн.

Се гледа дека Елон Маск и Tesla имаат смисла за хумор:

Извор: Engadget, TechCrunch

Претходна статијаРобот демонстрира самосвесност преку нова верзија на стар логички тест
Следна статијаLG го претстави Bello II – Втора генерација од пониската L класа