Robot

Да, и тоа се случи – самостоен робот демонстрираше самосвесност преку решавање на логички тест наменет за одредување самосвесност и свесност за околината. Тестот се вика „Кралските тројца мудреци“ и се работи за тест во кој секој „мудрец“ може да ги види „капите“ на другите двајца, но не својата. Кралот им задава логички правила на тестот на почеток, кои се состојат од: постојат два типа на капи, сина и бела. Барем една од дадените капи е сина. Тестот е фер за сите мудреци. Кој ќе стане прв и ќе ја каже бојата на својата капа ќе победи на тестот и ќе стане кралски советник. Кој ќе згреши, ќе му летне главата.

Во новата, дигитална верзија на тестот, на три Nao роботчиња им било кажано дека на две од нив им било дадено „апче за заглупавување“ кое ги прави неми. Роботчињата не знаат кои две од нив го земале „апчето“. Кога истражувачот ги прашува „кој од вас има земено заглупавувачко апче“, сите размислуваат и се обидуваат да одговорат „не знам“ бидејќи тоа е единственото решение во тој момент (нема закана за летање на нивната „глава“). Сепак, во моментот кога едното роботче кое не е немо одговара „не знам“ на глас, тогаш сфаќа дека на него не му било дадено такво апче и одговара: „Извинете, сега знам. Бев способен да докажам дека мене не ми беше дадено заглупавувачко апче“; демонстрирајќи самосвесност за новонастанатата ситуација врзана со себеси.

Инаку, ова не е прв пат на демонстрирање машинска самосвесност. Ако се сеќавате, на СмартПортал известивме за Супер Марио и неговата демонстрација на рудиментирана самосвесност, како и за Pepper, домашниот робот направен да има „емоции“. Бидете уверени дека ова нема да биде последен пат.

Како и да е, со ова се демонстрира напредокот во оваа област која сега само рудиментирано покажува што е можно да се постигне (а можеби и што е веќе постигнато во најтајните лаборатории за истражување на разни воени и безбедносни агенции). Во оној момент кога синтетичката интелигенција конзистентно ќе покажува самосвесност е моментот кога таа е личност, а како личност треба да се заштитена од убивање, малтретирање, експериментирање (освен по своја волја) и други работи кои се гарантирани на луѓето со разни конвенции. Роботската самосвесност споена со нивните (потенцијални) супериорни интелектуални способности навистина треба да не` замисли

Дали сме спремни за тој момент?

Извор: IFLScience, TechRadar

Претходна статијаLumia 950 и 950 XL ќе бидат новите главни модели од Microsoft оваа година?
Следна статијаTesla најавија надградба за Model S P85 – „Ludicrous“ модус