Постојат многу индустрии кои бараат полесни материјали кои во исто време ќе бидат поцврсти. Тука влегуваат авионската индустрија и произведувачите на беспилотни летала. За жал, обично компромисот е тој – ако го направите материјалот полесен тоа веројатно значи дека е помалку отпорен на стресови (свиткувања, притисоци итн.).
Од друга страна, новото патување во нанотехнологијата ветува многу, па посебно се интересни пронајдоците како овој кој ќе ви го прикажеме денес. Се работи за случајно создадени наноплочки од алуминиум оксид. Во нормалната употреба, алуминиум оксид е т.н. „керамичен“ метал, што значи дека е цврст, но доста кршлив и ронлив.
Од друга страна, преку местење на слој по слој молекули на алуминиум оксид еден врз друг и во структура со форма на саќе (honeycomb), научниците успеале случајно да создадат многу цврст и лесен материјал кој во исто време е екстремно флексибилен и свитлив. Дебелината на плочките е од 25 до 100 нанометри.
Материјалот лесно се свиткува, но по прекинот на притисокот се враќа во почетната состојба без оштетувања на структурата што е одлична карактеристика. Воедно, флексибилноста обично значи слаба ронливост и кршливост, што е случај со овие плочки.
Дури и самиот автор на истражувањето, Игор Баргатин, бил изненаден од пронајдокот бидејќи очекувал кршлив материјал од кој не би имало голем интерес. Материјалот ќе може да се искористи за создавање на далеку полесни крилја и други делови од авиони и беспилотки без да се прави компромис во врска со квалитетот или структуралната стабилност, нешто што е особено важно во овие индустрии.
Извор: Geek, KurzweilAI