37-15r_dome_3000x1994

Куршум-отпорните („блиндирани“) стакла се користат насекаде, од воената индустрија, заштита на бизнисмени и други луѓе во цивилни цели, до заштита на пожарникари, моторциклисти и скијачи. Нивната употребна вредност е голема бидејќи овозможуваат побезбедно пренесување на луѓе и опрема од едно место на друго.

Досегашните стакла отпорни на куршуми се изработуваа преку процес кој вклучува сместување на повеќе слоеви стакло со слоеви пластика кои се натиснуваат меѓу себе и така формираат далеку поцврста структура отколку само стаклото или пластиката. Ваквиот дизајн си има свои недостатоци – тежок е, скап за изработување и блокира инфрацрвена светлина.

Истражувачите од морнарицата на САД успеаа да создадат стакло отпорно на куршуми од синтетичка глинa. Прашокот од глината се обработува на висока температура и притисок за да се формира во каква било форма. Досегашниот процес на производство на стакло од глина бил изработуван под присуството на воздух што предизвикувало разни загадености да се лепат на површината и да го прават стаклото „нечисто“ и матно. Овој пат, истражувачите се обиделе да ја испечат и притиснат глината во вакуум, што резултирало во чисто стакло.

Бидејќи е единечно стакло, а не мешавина од стакло и пластика, материјалот пропушта инфрацрвени зраци. Ова е добредојдено за разни безбедносни камери кои работат во овој сегмент на електромагнетните зрачења, а сепак треба да бидат заштитени. Дополнително, тежината на ваквите силни стакла е два до повеќе пати помала во однос на заштитните изработени од стакло и пластика. Процесот на производство (можете да го видите на последната слика горе) со печење и притискање овозможува да се формира стаклото во било која форма, што значи дека ќе може да се применува во најразлични ситуации како панцири за луѓе, заштитни стакла за возила, суперцврсти стакла за очила…

Извор: Engadget, PopSci, USA Navy

Претходна статијаПоминувајте помалку време на Facebook со помош на Timewaste Timer
Следна статијаИспраќање насоки, белешки и аларми од Google Search на вашиот Android телефон