google-send-directions

Google се повеќе работи на едноставно поврзување на компјутерите со паметните телефони. Кога ќе се земе во предвид дека тие развиваат оперативен систем кој што се базира на Chrome прелистувачот и сите активности се прават онлајн, извршувањето на одредени команди директно од прелистувачот станува логично и наједноставно решение.

Најочигледното место преку кое што веќе може да се направат одредени активности поврзани со телефоните е главната страна на Google, односно Google Search страната. Преку оваа страна корисниците ќе можат да извршат неколку команди кои што ќе им овозможат полесно и побрзо нивно извршување наместо тоа да го прават преку самиот телефон.

Една од таквите команди беше претставена пред околу две недели и истата овозможува наоѓање на локацијата на вашиот уред директно преку Google Search, односно со внесување на „Find my phone“ во лентата за пребарување.

На ист начин корисниците сега можат да извршат уште неколку нови команди кои што ги вклучуваат следните: испраќање на насоки на телефонот, испраќање на белешки и креирање на аларм.

Овие команди се извршуваат исто како и првата, односно со внесување на кратка реченица. За да испратите насоки на вашиот телефон, се внесува командата „send directions“. По ова се појавува посебна карта со локацијата на телефонот на која што се внесува саканата дестинација. По наоѓање на истата, насоките се испраќаат директно на Google Maps апликацијата на телефонот.

За испраќање на белешки или креирање на аларми се внесуваат командите „send a note“, односно „set an alarm“.

За тие кои што голем дел од времето го поминуваат на компјутер, можноста одредени работи за телефонот да ги извршуваат преку компјутерот е сигурно одлична можност. Тоа посебно важи за испраќањето на насоките кои што многу полесно се наоѓаат на поголемите екрани на компјутерите.

Не секогаш новите функции се достапни за сите во исто време, па можно е да не можете да користите некои од овие команди веднаш.

Извор: The Verge, Google

Претходна статијаСоздадено стакло од глина отпорно на куршуми
Следна статијаIron Man ракавица со вградени вистински ласери
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.