CkYPuxwUYAMaJLX

Главната цел во сите тие обиди да се направи вертикално слетување на ракета е истата да може повторно да се искористи за друга мисија. Инаку, моментално ракетите имаат еднократна употреба, односно тие го носат товарот во орбитата и се оставаат да согорат назад во атмосферата.

Вертикалното слетување, кое веќе неколку пати им успеа на Space X, но и на Blue Origin, ќе овозможи значително намалување на трошоците поради тоа што истата ракета ќе може да се користи повеќе пати, односно во повеќе мисии, скратувајќи ја потребата од производство на нова ракета.

По неколкуте успешни слетување, сега на ред е Space X да се обиде да ја прати во втора мисија една од ракетите кои го направија успешното слетување. Ракетата е веќе познатата Falcon 9 која треба повторно да се употреби до крајот на оваа година, односно во септември или октомври.

Моментално периодот на прилагодување на ракетата е прилично долг, односно повеќе месеци, меѓутоа со тек на време и со усовршување на технологијата, тоа време значително треба да се скрати.

Извор: The Verge

Претходна статијаLenovo Phab2 Pro е првиот смартфон со Project Tango за „изменета реалност“
Следна статијаMoto Z и Z Force се нови модуларни паметни телефони од високата класа
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.