Во гласни, преполни простории, ви треба повеќе од копче за звук да ви помогне да слушате. Smart Sonic Receiver технологијата ги претвора звуците во вибрации кои одат директно во ушното тапанче. Толку е ефективна, што може чисто да слушате и додека носите нешто на ушите. Замислете колку супер ќе биде во преполн аеродром или на фудбалски натпревар.
Smart Sonic Receiver е технологија која го пренесува звукот преку екранот на телефонот, наместо преку звучникот. Ова значи дека телефоните кои ја користат оваа технологија нема да вклучуваат звучник преку кој што обично ја слушате другата страна при разговор. Звукот ќе може да го слушате од било кој дел од екранот.
Оваа технологија функционира преку мал уред во телефонот наречен пизо-електричен покренувач кој креира вибрации на поголемиот дел од екранот, кој потоа пренесува чист квалитет на звукот до корисникот. Поради тоа што вибрациите покриваат голем дел од екранот, не е важно каде ќе биде поставено увото и звукот ќе биде чист на било која позиција. Исто така екранот може да биде поставен на целото уво и со тоа да го прекрие и да служи како заштита од позадинските звуци што би ги имало во преполни и гласни простории или надвор.
Оваа технологија е развиена од страна на Kyocera и KDDI Corporation. Kyocera минатата година за првпат претстави модели на мобилни телефони за Јапонскиот пазар кои ја користат Smart Sonic Receiver технологијата.