callofduty-game-play

После инсталирањето на најновата верзија на Windows, 8.1, корисниците почнаа да пријавуваат дека кај одредени игри се појавува лаг во користењето на маусот. Некои од игрите кај кој е пријавен проблемот се: Counterstrike Go, Deus Ex: Human Revolution, Metro 2033, Stalker: Call of Prypiat, Call of Duty игрите, па дури и на Solitaire. Причината за појавувањето на овој проблем е промената на начинот на читање на податоците од маусот во Windows 8.1, поточно во DPI Framework, па игрите што не можат да читаат Raw Mouse Data или DirectInput го имаат овој проблем.

Microsoft сеуште нема издадено решение (Fix) за проблемот, па додека го издадат постои привремено решение или заобиколување на проблемот што може да го направите. Лоцирајте го извршниот фајл на играта и кликнете на него со десното копче на маусот. Кликнете на Properties и на прозорецот што ќе се отвори одете на Compatibility лентата. Во Compatibility mode делот чекирајте ја опцијата “Run this program in compatibility mode for Windows 8“, а “Disable display scaling on high DPI settings“ и “Run this program as administrator” во Settings делот. Кликнете на Apply и стартувајте ја играта.

fix-mouse-lag-games-windows-8.1

Ова не е решение за проблемот, но сепак ќе може да ги играте игрите додека излезе официјално решение од Microsoft.

Претходна статијаNASA воспостави ласерска комуникација помеѓу Земјата и Месечината
Следна статијаSmart Sonic Receiver – технологија за мобилни без звучници
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.