LADEE622

NASA во соработка со MIT (Massachusetts Institute of Technology) универзитетот успеа да воспостави ласерска конекција помеѓу Земјата и Месечината. Ова претставува важен чекор напред од досегашната радио комуникација која го достигна својот лимит во однос на потребите во вселената. Со помош на својот нов линк, NASA успеа да пренесе податоци од Месечината до Земјата со брзина од 622 Mbps (мегабити во секунда).

Демонстрацијата се одвиваше преку LADEE (Lunar Atmosphere and Dust Environment Explorer) вселенското летало кое орбитира околу Месечината. Постигнатата брзина на пренос на податоци од 622 Mbps е можна само кога Месечината се наоѓа високо во небесниот хоризонт. Кога Месечината е ниско на небото, влијанието на атмосферските ефекти драстично ја намалува брзината на трансфер. Обратната комуникација, од базата во Ново Мексико кон Месечината, се одвиваше со само 20 Mbps.

Долгорочниот план на NASA  вклучува употреба на комуникациски сателити за одбивање на сигналот со што би се постигнала брзина на трансфер од 1.25 Gbps (гигабити во секунда). Оваа бројка е многу блиску до времето од 1.26 секунди кое и е потребно на светлината да стигне од Земјата до Месечината.

Задоцнувањето кое настанува во комуникацијата на долги растојанија налага потреба од нови протоколи за интерпланетарна комуникација. За таа цел NASA развива специјален DTN (delay-tolerant networking) протокол кој би се справувал со овој проблем и би овозможил инстантна комуникација.

Претходна статијаДостапен WordPress 3.7 со нови функции за backend делот
Следна статијаWindows 8.1 предизвикува лаг на маусот кај некои игри