smart-home-mk

Паметните домови полека стануваат нормална работа, односно можеме да замислиме дека во годините што следат повеќето домови ќе имаат вградено некаков уред кој што може да се контролира преку апликација и интернет.

На Смартпортал го следиме развојот на оваа технологија и уредите кои што се достапни за корисниците, па не ретко можете да прочитате нешто поврзано со паметните домови. Ваквата технологија е навистина корисна, без разлика дали се работи за домот, канцеларија, а посебно за викенд куќа.

Уредите кои што се потребни за креирање на еден поврзан, паметен дом, покрај тоа што може да се нарачаат преку интернет, полека стануваат достапни и во нашата земја. Преку Smart HOME достапни се повеќе решенија кои што можат да се купат во нашата држава. Решенијата се достапни од повеќе компании, па во продолжение можете да прочитате за една од нив.

Што е Z-Wave технологијата.

Накратко Z-Wave е безжична технологија која ги отвори вратите во домашната автоматизација. Според Sigma-Design, компанијата која го купи Zen-Sys дизајнерот на оваа технологија, ова е бежична технологија и протокол кој покрај домашната автоматизација може да се искористи и за автоматизација во мали претпријатија. Оваа технологија се предвидува да доживее огромен пораст во наредните неколку години. Како доказ за ова се преку 160 компании на светско ниво кои ја имплементираат оваа технологија во нивните производи со што на пазарот се произведуваат преку 1000 различни производи компатабилни помеѓу себе.

За што може да се користи?

Прилично се што може да се вклучи и исклучи во домот може да се контролира преку оваа технологија. Досега се произведени најразлични модули за контрола на безбедносни ситеми, детектори на чад, светла, електрични уреди и многу други. Дали заборавивте да го исклучите кафематот пред да излезете? Нема проблем, преку вашиот мобилен телефон или таблет можете да го исклучите во било кое време од било каде преку вградениот модул поставен во кафематот или на самиот штекер.

Според Z-Wave алијансата оваа технологија може да се примени во скоро секој уред. Ова вклучува и уреди за кои нормално не би ни помислиле дека може да се контролираат од далечина како на пример, светла, термостат, завеси, ролетни, клима уред, домашно парно, брави итн.

Контролата на светлата и ролетните од далечина, може да направи да изгледа како да има некој дома дури и кога сте на одмор. Истотака контролата на термостатор значи дека ќе може пред време да си ја поставите саканата температура и да се вратите во совршен дом.

Доколку сте родители кои работат можете да ја наместите бравата да ви јави кога ќе се вратат вашите деца од школо. Или да се вклучат светлата кога ќе се паркирате во гаражата итн.

Што поточно претставува Z-Wave?

Техничкиот одговор на ова прашање е: бежичен комуникациски протокол кој функционира на фреквенција од 868.6 МHz (фреквенција за Европските системи). Иако оваа фреквенција е прилично блиска со бежичните фиксни телефони сепак е далеку од полето на преполните 2.4 GHz фреквенции на кои работат рутерите, мобилните телефони и останатите IEEE 802.11 уреди.

Уште подетално, протоколот користи ниско-енергетски трансмитер кој е специјално дизајниран за далечинска контрола. За разлика од широкопојасните потреби за Wi-Fi сигналот, Z-Wave е протокол кој користи мали пакетски податоци. Ова значи дека протоколот комуницира брзо и едноставно со помош на мали пакети со податоци.

Моментално, овој протокол или технологија не се бесплатни, што значи дека секој што сака да ја внесе оваа технологија во своите производи мора да потпише договор со Sigma Designs. Оние кои ќе го сторат тоа добиваат специјален трансивер чип дизајниран од Sigma Designs.

Технологијата работи по принципот на контролер-уред. Секој контролер или уред е наречен node. Една мрежа на вакви уреди може да содржи до 232 nodes и секој од нив може да биде програмиран да ги прифаќа и реемитува сигналите. Оваа функционалност помага при покривање на поголемо подрачје бидејќи стандардниот домет на секој уред е околу 30м.

Разновидна и лесна

Во последните 20год се појавија многу други технологии за истата намена. Но повеќето од нив се жичани технологии за чија имплементација потребно е копање и поставување на електрична инсталација, или се толку сложени што на корисниците им е потребно инжинерска диплома за да ги управуваат. Бидејќи Z-Wave е бежична технологија инсталацијата е прилично едноставна и брза, не бара поставување на нова електрична инсталација ниту пак огромно знаење од областа.

Оваа е технологија е вистински “plug and play”. Спојте го модулот на уредот кој сакате да го контролирате, внесете го уредот во мрежата и започнете со негово користење.

Истотака за разлика од претходните системи за автоматизација контролата е прилично едноставна, лесни за употреба апликации за мобилни телефони или едноставни далечински со неколку копчиња. За само неколку секунди корисниците можат да ги научат основните функции на системот, додека за посложените функции кои ги нуди оваа технологија потребно е час до два.

Мрежата може да расте заедно со Вас како што ја учите. Започнете со едноставна почетна контрола, на пример само модул за гаражната врата и неколку светла. Откога детално ќе се запознаете со уредот и неговите функции зголемете ја автоматизацијата со брави, алармен систем итн. Системот дозволува постепено надоградување со модули. Со само едно копче исклучете ги сите уреди, затворете ја гаражата и заклучете ја бравата. Можностите со Z-Wave се бесконечни.

http://www.z-wave.com/what_is_z-wave

http://z-wave.sigmadesigns.com/about_z-wave

Претходна статијаDell OptiPlex 3020 Micro – Десктоп компјутер во микро пакување
Следна статијаПостигната квантна телепортација на микрочип