skreemr-jet-2

Многу од концептите измислени во научната фантастика ги имаме денес. За жал, се` уште немаме телепортација. На нејзино место, сепак, се развиваат концепти за супербрз транспорт. Па така, го имаме Hyperloop на Елон Маск, како форма на супербрз земјен (или подземјен) транспорт, но постојат и концепти за суперсоничен транспорт низ воздух.

По срушувањето на Конкордот во 2000 г. комерцијалните суперсонични летови практично престанаа, но тоа изгледа се менува. Skreemr е таков концепт.

Се работи за ракетно-погонет авион со четири крилја и две ракети кои ќе му овозможат да развие брзина од 10 маха или 12.340 километри на час! Ова дело-инженерско чудо на канадскиот инженер Чарлс Бомбардиер (интересно име во овој контекст) ќе може да го прелета Атлантикот за половина час.

image

За да функционира ќе треба различно да полетува од стандардните авиони. Идејата е Skreemr да биде лансиран преку т.н. „шински пиштол“ (rail gun) кој со помош на силно електромагнетно поле би го забрзал до суперсонична брзина, по што авионот ќе ги запали своите две ракети и ќе развие огромни брзини натаму.

Авионот би пренесувал по околу 70 патници по лет и тоа очигледно прилично богати бидејќи ваквите летови не веруваме дека ќе бидат понудени на WizzAir во следниов век. Како и да е, Skreemr би можел да биде изработен во работен модел дури за некоја деценија, па засега богаташите ќе мора да се задоволат со Skype видео повици.

Извор: Yahoo, Yahoo 2, RTT News

Претходна статијаUnlimitedHand – Допрете го виртуелниот свет
Следна статијаPuzzlephone е нов модуларен смартфон, ќе се фундира преку кампања на Indiegogo