OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Проблемот со виртуелната реалност е што е баш тоа – се` уште превиртуелна. Да, можеби имаме одлични визуелни репрезентации на светови, а графичките способности на новите игри се зачудувачки реалистични, но сепак целото искуство се базира на аудиовизуелниот спектар.

Каде е допирот? Почнува полека да се појавува. Еден начин да се оствари е преку UnlimitedHand, Kickstarter кампања за емулатор на тактилни сигнали во вид на појас. Појасот го сместувате кај подлактицата и го активирате.

Тој, со помош на електрични сигнали ви испраќа празнења до мускулите кои вашиот мозок ги толкува како да допирате нешто. Со уредот може дури да се симулира и болка. Секако, има граница на реализмот – нема да можете да го загубите биолошкиот живот ако ве убијат во играта.

UnlimitedHand има и уште една карактеристика – го следи движењето на раката во 3Д, нешто што може да се искористи за движење на погледот во виртуелната реалност. Со помош на овој појас ќе можете да го почувствувате оружјето и потегнувањето на чкрапалото или да фаќате предмети во симулацијата и тие да ги чувствувате како вистински во раката (да, и ние помисливме дали ќе има револутивен ефект врз филмовите за возрасни).

Шегите на страна, UnlimitedHand е прекрасен уред кој споен со хедсет како OculusRift ветува многу за зголемување на реалистичноста на виртуелните светови, па дури и примена во други области како свирење на виртуелни инструменти (воздушна гитара?), пуштање музика (линк 1, линк 2) и така натаму.

Сакате да го нарачате? Ќе ве чини 212 долари, а можеби и повеќе ако не побрзате.

Извор: Fastcodesign, Kickstarter, TechCrunch

Претходна статијаSurface Book е скоро невозможно сами да го отворите и поправите
Следна статијаСо Skreemr ќе се патува од Лондон до Њу Јорк за половина час