Колку пати сме оставиле некој производ во фрижидерот, а потоа кога сме сакале да го употребиме сме се откажале поради тоа што датумот му е пројден, иако производот изгледа како да е сосема во ред. Никој не би сакал да ризикува труење без разлика како му изгледа некој производ, па таквиот обично се фрла. Ваквото фрлање на храната се проценува дека во САД стигнува дури до 40% (!) од кои значителен дел е токму поради ова.
Кога би имале начин да откриете дали навистина храната е расипана или не би спасиле многу конзерви со риба или компот од ѓубре. За среќа, истражувачите од MIT (Масачусетс институт за технологија), посебно Тимоти Свегер, развија технологија која ќе овозможи директно откривање на состојбата на храната. Таа се базира на јаглеродни нано-туби кои хемиски се обработени да реагираат на амини (азотни гасови кои се создаваат при расипување на храната). При допир на ваквите гасови со јаглеродните нано-тубни електроди, тоа предизвикува течение на електрична енергија која може да се детектира – и да индицира (не)расипаност на храната.
Според Свегер, „уредот може да се смести во „паметна опаковка“ која ќе понуди многу попрецизна безбедносна информација од рокот за користење на храната“. Ваквата технологија ќе овозможи илјадниците килограми произведена храна да не се фрлаат освен кога навистина мора и да се намали нивната потрошувачка. Тоа значи дека самата индустрија на производство помалку ќе ја малтретира земјата при активностите за произведување храна, ќе се троши помалку вода, а консументите ќе бидат порационални во исхраната и нема да трошат непотребни средства.
За почеток оваа технологија ќе им биде дадена на работниците кои работат со месо, млечни и други слични производи, но се очекува наскоро да се пренесе и кај обичниот граѓанин. Засега е успешно тестирана со четири типови на месо: свинско, пилешко, бакалар, и лосос.
Извор: Science Daily, Fast Coexist