Photo-Samsung-to-Showcase-Three-Creative-Lab-Projects-for-the-First-Time-at-CES-2016-rink-2

CES 2016 веќе покажува потенцијал дека ќе биде еден од поинтересните саеми за технологија. Ќе се одржи на почетокот од идната недела, како и секогаш во Лас Вегас.

Samsung, покрај другото, на овој саем најави дека за првпат ќе прикаже производи коишто се развиени во нивната Creative Lab или C-Lab како што се нарекува интерно. Creative Lab е дел од компанијата, како што стана нормално да е случајот со повеќето поголеми ИТ компании, во кој што вработените се слободни да работат на разни проекти и да ја покажат својата креативност.

Овој сектор во компанијата е формиран во 2012 година и од тогаш вработените имаат работено на повеќе од 100 проекти од коишто 70 се веќе завршени, а 40 се развиваат во некој од другите сектори. За 9 од овие проекти од компанијата истакнуваат дека покажуваат навистина голем потенцијал.

На CES идната недела, Samsung ќе прикаже три од проектите на коишто се работи во Creative Lab, односно паметен ремен, контролер за рацете за виртуелна реалност и еден вид на алка која што ќе се користи слушање на звук.

Photo-Samsung-to-Showcase-Three-Creative-Lab-Projects-for-the-First-Time-at-CES-2016-WELT-3

Паметните ремен е наречен WELT и ќе биде наменет за следење на фитнес и поврзаните активности на корисникот. Тој ќе може да ја следи ширината на половината, направените чекори, времето поминато во седење, како и навиките за јадење. Потоа, со поврзување со посебна мобилна апликација, корисникот ќе добива одредени статистики, совети и програми за подобрување на животниот стил.

Photo-Samsung-to-Showcase-Three-Creative-Lab-Projects-for-the-First-Time-at-CES-2016-rink-1

Контролерот за виртуелна реалност, наречен rink, е наменет да се постави на рацете на корисникот, по што тој ќе може да управува со објектите, односно случувањата во виртуелната реалност. Наменет е за користење со производите како што е Gear VR од Samsung.

Photo-Samsung-to-Showcase-Three-Creative-Lab-Projects-for-the-First-Time-at-CES-2016-TipTalk-2

Третиот производ кој што ќе биде преставен е можеби и најинтересен. Се вика TipTalk, а доаѓа во форма на алка која што може да биде поставена и на паметните часовници. Оваа алка ќе доаѓа со можност за пренесување на звук преку човековото тело и со тоа овозможувајќи да се слуша музика без слушалки, да се прават повици само со поставување на прстот на увото и слично.

Photo-Samsung-to-Showcase-Three-Creative-Lab-Projects-for-the-First-Time-at-CES-2016-TipTalk-1

Само најавата од Samsung прави да со нетрпение го чекаме годинешниот CES саем, на којшто ќе можеме да видиме доста интересни технологии од компаниите.

Извор: Samsung, Engadget, Bloomberg

Претходна статијаFalcon 9 ракетата на SpaceX која направи успешно вертикално слетување е спремна повторно да лета
Следна статијаMicrosoft ќе ги известува своите корисници кога се сомнева во напад на сметките од страна на властите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.