spacex2_df1a8ba9a9d2bbd12a85ff51451ff266.nbcnews-ux-2880-1000

Едни од најинтересните случувања минатата година беа тие поврзани со првите успешни вертикални слетувања на ракетите на вселенските компании на Елон Маск и Џеф Безос.

После неколку неуспешни обиди на SpaceX на Елон Маск, првото успешно слетување сепак беше постигнато од страна на Blue Origin на Џеф Безос со нивната New Shepard ракета.

Брзо потоа следеше и првиот успешен обид од страна на SpaceX, па нивната Falcon 9 ракета успешно се врати на Земјата и слета по носење на товар во вселената.

Овие два примери може слободно да се каже дека претставуваат почеток на ново време во вселенските летови. Со можноста истата ракета да се искористи повеќе пати, летовите ќе станат многу поевтини, а со тоа и почести и подостапни за повеќе намени, меѓу кои и вселенскиот туризам.

Преку својот Instagram профил, Елон Маск прикажувајќи слика од Falcon 9 ракетата, истакна дека истата нема никакви оштетувања и е спремна за нова мисија.

Falcon 9 back in the hangar at Cape Canaveral. No damage found, ready to fire again.

A photo posted by Elon Musk (@elonmusk) on

Како пример за тоа колку се заштедува кога се користат ракети кои се способни за вертикално слетување и повторно користење е цената на чинење на Falcon 9. Оваа ракета чини 60 милиони долари да биде изградена, но само 200.000 долари за да се наполни со гориво и повторно да лета.

Извор: The Verge

Претходна статијаРуски Роскосмос од 1 јануари ќе биде претворена во државна компанија
Следна статијаSamsung ќе прикаже три производи од нивната Creative Lab програма на CES 2016
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.