self-sanitizing-door-handle1

Дали понекогаш сте се фатиле како размислувате која рачка од вратата на тоалетот да ја фатите во однос на тоа која е поверојатно да биде понечиста, таа однадвор или таа одвнатре? Дали тоа значи дека сте хипохондрик или имате реална загриженост околу штетни микроорганизми?

Рачките од вратите на тоалетите се едни од понечистите места на Земјата и според анализите направени тие знаат да држат до 1.000 единици на бактерии кои формираат колонии по милиметар. Кога веќе би се активирале околу хигиената, рачките од тоалетите би биле горе некаде на листата за дезинфекција, нели? Токму тоа помислиле два кинески студенти, Сун Минг Вонг и Кинг Понг Ли, кои измислиле систем за автоматска дезинфекција на овие „ѓаволски“ делови од тоалетот.

Нивната идеја е многу едноставна, но многу ефикасна. Имено, се работи за рачка која е направена од титаниум оксид, а изгледа како стаклен цилиндар. Самиот титаниум оксид е еден од посилните дезинфицирачки материјали што човештвото ги создало.

self-sanitizing-door-handle2

Кога човек кој излегува од тоалетот ќе ја потегне вратата механизмот активира LE диода со која испушта светлина во ултравиолетовиот спектар. Ултравиолетовата светлина ја зголемува ефикасноста на титаниум оксидот. Ова овозможува уништување на дури 99,8% (!) од бактериите присутни на рачката, што било утврдено со тестови.

Ваквата комбинација на титаниум оксид со УВ лампа е навистина едноставна, а студентите успеале да направат и многу евтино да чини – само 13 долари! Не веруваме дека би имале било што против да платите 13 долари за да имате постојано активен дезинфицирачки уред во својот тоалет и да ја пуштите грижата некаде далеку.

Извор: Planet Custodian, Science Dump

Претходна статијаBing со енкрипција на пребарувањата за сите корисници
Следна статијаSeavus Едукативниот и Развоен центар го отвара летото со бесплатна летна школа