Creative-sprin-break

Seavus Едукативниот и Развоен центар најавува уникатен и креативен почеток на летото преку тродневна школа под називот ,,Креативен почеток на летото,,.

Имено, во пресрет на новата академска година, на почетокот на ова лето, поточно на 22, 23, 24ти Јуни, едукативниот центар преку своите 3 академии организира бесплатни предавања, работилници, панел дискусии и менторски средби со идните дизајнери, мрежни инженери и програмери. За нив е подготвена тродневна бесплатна летна школа во која новите студенти одблизу ќе се запознаат со програмата на трите академии, со координаторите, колегите и предавачите. Во рамки на школата ќе бидат организирани и менторски средби, креативни предизвици, интересни работилници, одлични предавања и секако многу дружење и забава.

Најважниот дел од програма ќе биде предизвикот за освојување на целосна стипендија за најатрактивниот пакет на СЕДЦ – едногодишните Академии. Предизвикот кој ќе биде зададен третиот ден и на истиот ќе може да учествуваат сите учесници на летната школа. Најдобрите 3ца ќе добијат ексклузивна можност да студираат бесплатно на соодветната насока – Дизајн, програмирање или компјутерски мрежи

Seavus Едукативниот и Развоен центар веќе шеста година успешно работи на пазарот преку трите академии: дизајн, програмирање и мрежни инженери. Во својата категорија на академии преставува предводник и лидер на пазарот.

Сите заинтересирани можат да аплицираат преку следниот линк.

Претходна статијаДвајца студенти создадоа само дезинфицирачка тоалетна рачка
Следна статијаSony Project Morpheus – Напреден концепт за виртуелна реалност на повидок
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.