44889_01_russian-military-developing-mind-controlled-exoskeleton_full

Најспособните светски армии, таа на САД, Кина и Русија, постојано работат на подобрување на своите стратешки и способности на военото поле, а тоа често вклучува подобрување на опремата на пешадијата и другите војници кои се директно изложени на непријателски оган.

Претходно имаме пишувано за егзоскелети во цивилни цели кои им даваат на работниците суперчовечки моќи. Токму тоа сака да го оствари руската армија, со тоа што ќе ги надгради некои свои пешадиски единици со вакви уреди кои ќе им овозможат на војниците огромен скок, моќ за поместување и фрлање предмети, физичка заштита од куршуми и помали проектили, хемиска и биолошка заштита и вградено оружје.

Со егзоскелетите руските војници ќе можат да носат до 300 килограми воена опрема, што во нормален случај треба возило за да се пренесува. Дополнително, егзоскелетите ќе се контролираат со мозочни импулси, што е навистина значаен напредок кој потсетува на концепти во многу научно-фантастички книги, а во главно е земен и инспириран од природата и егзоскелетите кај инсектите и некои други животински видови како желките.

Според Александар Кулиш, водачот на одделот за развивање и производство на медицинска опрема, при руската Обединета корпорација за производство на инструменти (Ростех), „Мислам дека за околу пет години ќе имаме невро-окружување за да ги контролираме егзоскелетите и простетиките со помош на мозочните електрични импулси“.

Засега управувањето се остварува со замислување на разни форми во различни бои кои се препознаени од сензорите на мозочни бранови. На пример, ако операторот си замисли црн квадрат, раката на егзоскелетот се стегнува, а ако замисли црвен квадрат, раката се стегнува.  Останува да видиме дали ќе оствари овој план на руската армија и дали ќе останат една од најконкурентните светски армии.

Извор: RT, Sputnik News, Tweak Town

Претходна статијаMaterial Unit Converter – Одлична Android апликација за претворање на повеќе видови на единици мерки
Следна статијаDaimler го претстави првиот полу – автоматски камион