yamaha-s-motobot-robot-rides-a-yzf-r1m-video-photo-gallery_7

Во уште една епизода која би можела да створи нервоза кај модерните Лудити, Yamaha создаде робот кој може автономно да вози мотор.

Не само што MotoBot може сам да управува тркачки мотор туку и со секое возење учи како да се подобри. Целта на Yamaha е тој да стане подобар од повеќето или сите луѓе кои возат вакви мотори. Тоа го прави додека зборува со глас како роботизирано дете, што сомнително потсеќа на повеќето технолошки НФ хорори.

Засега можеме да се ситиме дека на MotoBot му требаат помошни тркалца за да вози како на мало дете. Во основа тој е токму тоа – мало дете (роботче?) кое работи на совладување на световната физика и подобрување на своите вештини. Со константото подобрување од Yamaha очекуваат дека до 2017 година ќе може да вози со брзина од 200 км/ч без помошни тркалца. Па да видиме кој ќе се сити тогаш, дали ние или роботите кои ѕиркаат низ Интернетот во форма на алгоритми.

Неверојатно? Замислете го Валентино Роси. Со тоа што нема потреба од храна, сон, секс, пари итн. Роси кој цело време седи на мотор и вежба. Е сега, замислете го истиот Роси кој има способност да научи многу повеќе од просечен човек и има многу попрецизни сензори кои му даваат информации за светот. Тој Роси кога-тогаш ќе почне да ги победува и најдобрите човечки возачи, слично како што DeepBlue го победи Каспаров во 1997 г. по изгубениот меч во 1996 г.

Овој настан воедно беше тажен бидејќи го имплицираше идниот крах на непомогнатите човекови интелектуални и телесни капацитети, а воедно среќен бидејќи го имплицираше создавањето на средствата за помагање на човекот да достигне повисоко одшто би можел сам по себе. Слично ќе се чувствуваме и кога MotoBot ќе победи на шампионат во возење мотор некаде во следната деценија.

Извор: IGN, QZ

Претходна статијаСмартпортал неделник – 26-ти октомври до 1-ви ноември 2015
Следна статијаГолемата “Redstone” надградба за Windows 10 пристигнува наредното лето