range-rover-sport-remote-control

Возењето за некои од нас е прекрасно искуство и уживаат во тоа, но некои го гледаат како нешто што мора да го прават, па го прават без некое задоволство. Знаеме дека производителите на автомобили се` повеќе ги прават своите производи автономни, со вградување на најразлични сензори, самоуправувачки капацитети, самопаркирачки алгоритми, целосно автономни возила како тие на Google и така натаму. Ова е особено од корист за втората категорија на возачи, тие кои го гледаат автомобилот едноставно како алатка.

Сега и од Rover излегоа со нов, интересен систем за управување на автомобилот при мали брзини, и тоа со помош на мобилна апликација. Пред да се прашате зошто на некој би му требала мобилна апликација да го управува возилото, да ви кажеме дека идејата е ако некаде заринкате со него да можете да го извадите без да мора да бидете внатре (и со тоа да избегнете потенцијална опасност).

Како што можете да видите на видеото, со апликацијата можете да го вртите воланот и да одберете на каде да одите. Возилото само се грижи за управување со брзините и правците. Секако, како што спомнавме погоре, се работи за помали брзини и не можете да управувате вака над „прва“ брзина.

Како и да е, ваквиот систем покажува за што ќе бидат способни возилата во иднината кога ќе се префрлат кон целосна автомација. Тогаш нема да има потреба вие да ги вадите од некаде со помош на апликација, туку ќе можете да им наложите да патуваат од точка А до Б, а тие сами ќе си го изградат и пресметаат патот, потоа ќе ве извозат.

Иако од Rover не сакаат да направат целосно автоматизирани автомобили бидејќи тоа „ја уништува забавата на возењето“, сепак, за оние луѓе кои истото не им претставува некаков предизвик ваквите иновации ќе им ја олеснат оваа обврска, особено ако заринкаат во некоја непријатна ситуација.

Извор: Engadget, Jaguar Land Rover

Претходна статијаНајмалата светилка на светот направена од графен
Следна статијаFairphone 2 – Модуларен телефон со етички вредности