Што мислите, колкава би била најмалата светилка на светот измерено во дебелина? Пет милиметри, еден милиметар…? Што велите за еден атом?
Токму тоа успеале да го постигнат научниците, и тоа користејќи го графенот. Имено, за да се постигне светлина потребни се високи температури кои ќе ги стимулираат фотоните да излезат кон околината. Кога се работи за вакви мали растојанија во мили- и микрометарските опсези проблемот е што температурите од неколку илјади степени ги уништуваат материјалите кои ги создаваат, па затоа досега не можеа да се интегрираат на компјутерски чипови или друга електроника.
Од друга страна, интересниот материјал графен, кој е направен од слој на јаглеродни атоми дебел само еден атом, постигнува интересни карактерстики на високи температури. Поради отпорот тој постигнува висока температура и зрачи светлина, но како што се зголемува температурата тој станува се` полош спроводник на топлина, па ја задржува кај себе. Ова значи дека не ја пренесува на околината и не ги уништува другите електронски компоненти.
Ова значи дека со помош на графенот ќе можат да се остварат многу различни концепти за кои досега требаше засебни компоненти, како што се комуникација со светлина меѓу електронски компоненти, создавање на светлосни површини од графен кои ќе можат да светат во различни бои за во домот, па дури и создавање на екрани.
Извор: IFLScience, Columbia University