facial_3325156b

Автомат за пари кој во исто време препознава лица – хм, дали е навистина потребен? По првата реакција која можеби ви е дека ќе биде посигурно подигнувањето на парите бидејќи никој друг нема да може да ги земе, можно е да ви текне и на другата варијанта – дека никој друг нема да може да ви подигне пари место вас.

Како и да е, во Кина само што беше пуштен во употреба автомат за пари кој препознава лица преку споредување на вашето лице со веќе постоечки слики во базата на податоци. Тој е исто така поврзан со полицијата и со банките во случај ако има обид да се земат пари од неовластено лице.

Иако ваквата технологија можеби е на прв поглед посигурна, веќе знаеме дека системите за препознавање на лице на Android можеа да бидат лесно излажани преку ставање слика од сопственикот пред камерата, па потоа ги надградуваа со тоа што требаше да трепнете за да потврдите дека сте жива личност, а не слика… Што правиме со тие кои го измениле своето лице со тетоважа, обетка или пирс…?

Овој автомат за пари во исто време е и менувачница, со тоа што има вграден напреден систем за препознавање на повеќе различни светски банкноти и тоа со 20% поголема брзина отколку просечен автомат. Секако, покрај препознавањето на лице се употребуваат и традиционалните PIN и заштита со лозинка. Исто така вреди да се спомне дека целиот автомат е 100% направен во Кина, без употреба на странски технологии.

Не гледаме како овој автомат ќе го револуционизира вадењето пари, но кинезите работат да му најдат намена, па ќе го гледаме на нивните улици како препознава лица кои поминуваат и пушта грешни аларми од време на време.

Извор: Infowars, Digital Trends, Telegraph

Претходна статијаGoogle развива паметна облека!
Следна статијаAndroid добива “Password Manager” со кој полесно ќе се најавувате на апликациите