Project Starline за првпат беше преставен на годинешната Google I/O конференција. Сега Google објави документ во кој објаснува како функционира овој нов систем за видео конференции.

Се работи за систем кој нема да може кој сака да го купи, односно се работи за еден вид на штанд во кој е сместена опремата која е потреба за сето ова да функционира. Google веќе го тестира системот на неколку локации со нивните вработени, а сега за сега не е познато дали и каде би се продавал или користел во иднина.

Главната карактеристика на Project Starline системот, поради што и има потреба од сериозен хардвер и не е замислен за домашни услови, е прикажувањето на соговорниците исто како да ти се еден пред друг во живо.

За да го постигне овој ефект, Project Starline има 65 инчен екран со 8K резолуција, повеќе камери, ласери, проектори, звучници и слично. Во системот исто така се поставени и четири графички картички, односно две Nvidia Quadro RTX 6000 и две Titan RTX.

Очекувано кај еден ваков систем, интернетот којшто го троши за време на комуникација се движи од 30 до 100 мегабити во секунда, а тоа зависи и од облеката на соговорникот, како и колку тој гестикулира и слично.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаMicrosoft ќе овозможи мала промена на поставеноста на Старт менито во Windows 11
Следна статијаАмериканската FTC поднесе тужба за спречување на купувањето на ARM од страна на Nvidia
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.