Со пуштањето на Windows 11 кој дојде со целосно ново Старт мени, дојдоа и стандардните критики, па се доби впечаток дека наеднаш не толку добриот Windows 10 и неговото Старт мени со „живи плочки“ биле одлични и популарни кај корисниците.

Новото Старт мени веќе нема плочки кои прикажуваат различни информации од апликациите, па сега тука се само нивните икони. Над иконите се наоѓа лента за пребарување, а под нив се три реда од документи, апликации и други датотеки кои корисникот ги има вклучено, изменето или инсталирано, а тоа не е ограничено само на истиот уред. Менито стандардно сега се прикажува во средината на „таскбарот“, а може да се врати и на старата позиција на левата страна.

Во најновата тест верзија во „dev“ каналот, Microsoft тестира можност за барем некакво прилагодување на менито, кое реално може да се каже дека не нуди многу можност за корисникот да го прилагоди според своите потреби.

Новата можност им дава избор на корисниците да менито им прикажува дополнителен број на икони на една страна, односно еден дополнителен ред, на сметка на помалку предлози во долниот дел.

Исто така, корисниците може да изберат да им се прикажуваат помалку икони од апликациите, а затоа на сметка на тоа да им се прикажуваат повеќе предлози.

Оваа новина ја зголемува до некаде функционалноста на Старт менито, па се надеваме дека Microsoft во иднина ќе воведе и дополнителни можности за прилагодување.

Претходна статијаMicrosoft со нова стратегија за демотивирање на корисниците да го симнат Google Chrome преку Edge
Следна статијаProject Starline од Google ги прави видео повиците како луѓето навистина да седат еден спроти друг
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.