Растеглива електронска кожа од UNIST универзитетот

Напредокот на преносна електроника оди со полна пареа напред. Преносливоста на мобилните телефони и други уреди се зголемува, а тие генерално стануваат помали и помоќни (иако постојат и обратни трендови како зголемување на екраните на мобилните уреди). Луѓето се’ повеќе употребуваат разни рачни ленти за вежбање кои даваат информации околу бројот на чекори кои го прават, интензивноста на трчањето, брзината на срцевиот ритам и други кои им помагаат околу вежбањето. Но најдобрата преносна електроника е таа која најмалку му смета на нејзиниот носител од аспект на енергија, робустност и едноставност на користење.

Најново остварување во оваа насока доаѓа од Улсан националниот институт за наука и технологија (UNIST) кои објавија дека создале т.н. „електронска кожа“ која може да се растегнува и е проѕирна, а е изградена од хибридни мрежни структури на графен и метал. Таа изгледа како парче проѕирна пластика кога ќе се стави на дел од телото.

Интересното е што лесно може да се замисли иднината каде ваквите уреди ќе ги закачуваме по телото, нема ниту да се гледаат ниту да имаат потреба од електрична енергија (користејќи го електричниот потенцијал од нашата кожа) и ќе ни даваат информации околу нашето вежбање и секојдневно движење, овозможувајќи ни да останеме здрави и во постојано движење.

Извор: Geek

Претходна статијаСтудија: Генетска терапија овозможува голема ефикасност на лечење леукемија
Следна статијаWindows 10 со нови тракпад гестови