screen-shot-2015-03-03-at-10-50-23-am

Иако идејата не е ништо нова, според тоа како е извршена истата делува доста примамливо. Paperspace ви овозможуваат пристап до многу појак компјутер кој се наоѓа во облакот, а вие се што треба е да имате интерент конекција до нивната веб страна.

Бидејќи се’ се одвива преку интернет тешко дека гејмерите би имале голема добивка од вакво решение. Но, нешто вакво би било доста добро за корисници на кои латенција од 50-100 милисекунди не им е некаков проблем.

Практично, тој „cloud“ компјутер го контролирате преку вашиот прелистувач. Но, не ви е потребен ниту компјутер. Доволен е ефтин уред Paperweight, развиен од истата компанија, секако, во кој можете да го приклучите вашиот монитор, тастатура и глувче, и да се врзете на вашиот „cloud“ компјутер. Пристап имате од било каде, така што овој сервис е корисен и за луѓе кои се константно во движење.

Идејата е да биде лесна и евтина варијанта за тие што не можат да си дозволат голема процесирачка моќ, и за тие што имаат потреба од софтвер што не е наменет за нивниот оперативен систем. Како на пример, луѓето што користат Chrome OS, а сакаат да користат и софтвер што е наменет за Windows.

Голем бенефит би имале и училишните лаборатории кои практично можат да ги надградат компјутерите таму со многу помала инвестиција од што би била купување на целосно нови машини.

Извори: TechCrunch, Paperspace

Претходна статијаНашата галаскија е поголема од досегашните верувања
Следна статијаAndroid нотификациите на вашиот GNOME десктоп