ford-fiesta-dented-dean-thorpe-flickr

Веројатно на многумина од нас ни се случило да забележиме гребаници на автомобилот, откако сме го паркирале на некој јавен паркинг, без можност за пронаоѓање на „злосторникот“ за покривање на трошоците, нели? Или сме забележале после многу денови, бидејќи ударот е на совозачката страна…

Германскиот производител за автомобилски делови, Hella, има ново, паметно решение, кое ќе го олесни пронаоѓањето на возачот, односно автомобилот што ја направил штетата, но и ќе овозможи полесно земање на осигурувањето, кое треба да ги покрие сите овие трошоци.

Системот користи мрежа од сензори осетливи на притисок, кои се вградени во панелите на автомобилот и кои можат да почувствуаат дури и полесен судир. Истите се поврзани со GPS системот на навигацијата и веднаш забележуваат каде се случил судирот, а можат дури и да ги искористат камерите на автомобилот како би го снимиле другиот автомобил (многу од новите модели кои излегоа изминативе две години имаат камери во секој агол).

Секако, овој систем може полесно да ви помогне да најдете кој ви го удрил автомобилот и да помогне во барањето оштета, но од друга страна, доколку вие самите направите судир на некој паркинг, тоа нема да може да го скриете, нешто кое се обидуваат да го направат многу возачи на автомобили кај нас.

Всушност, информациите за судирот ќе се праќаат преку интернет до осигурителните компании, па секој што направил прекршок, може да очекува телефонски повик или писмо во многу краток период. Ако ја гледаме големата слика, доколку системот на Hella се вградува во сите автомобили, веќе нема да може да се излаже за некој судир и секој што згрешил ќе си ја добие казната, додека оштетениот оштетата.

Hella очекува оваа технологија да пристигне на пазарот во 2018 година и веќе преговара со BMW и неколку други производители за фабричко вградување во нивните автомобили.

Извор: Engadget

Претходна статијаSamsung паметните телевизори го снимаат секој ваш разговор
Следна статијаНовиот Raspberry Pi 2 се исклучува ако го сликате поради промена на напонот во процесорот