151005-01-39-100619589-large

Замислете, влегувате во возило и насекаде околу вас внатрешнината е изградена од екрани осетливи на допир. Звучи и изгледа хаотично, но од Nissan не мислат така.

Токму таков е концептот на Teatro for Days, возило чија внатрешнина е скоро целосно покриена со екрани. Има екрани на седиштата, на вратите, на покривот, а инструмент-таблата е еден огромен екран кој може да прикажува било што – исто како и сите други. Поради истото, можете целата внатрешнина да ја претворите во прекрасно зелено поле или пак во мини-кинотека.

Возилото е инаку електрично, а заедно со екраните дава интересно светлосно шоу кое е помалку бизарно и претерано. Сепак, Teatro for Days е насочено кон младата популација која Nissan сакаат да ја привлечат да купи автомобил место да прифаќа користење на сервиси како Uber.

151005-01-09-100619583-large

Според нив, „Дизајнирањето на возило за да им се допадне на генерацијата која ја нарекуваме „споделувачи (на содржина; заб.) по природа“ бараше од нас намерно да не користиме знаење и веќе тестирани пристапи кои сме ги акумулирале. … На пример, низ дизајн ние обично се обидуваме да пренесеме чувство на забрзување, моќ или супериорен квалитет. Но овие вредности не резонираат со споделувачите по природа. Дури, таквите карактеристики на возилото им повикува при ум старомодна технологија која е малку поврзана со нивните животи“.

Прашање е дали ваквиот концепт ќе има вистински успех меѓу публиката, па и меѓу таа кон која тие целат. Сепак, земајќи го предвид напредокот на електрични и автономни возила кои нема да бараат многу голема директна контрола од возачот, ваквите концепти можат да зафатат голем дел од пазарот. Барем сега знаете дека можете да изгледате два филма паралелно со YouTube Vine компилација додека твитате насекаде низ автомобилот.

Извор: The Verge, PCWorld

Претходна статијаWindows 10 за мобилните ќе биде достапен од декември
Следна статијаMicrosoft Surface Book – најбрзиот 13 инчен лаптоп на планетата