nissan-intelligent-parking-chair

Денешниот канцелариски живот е мачен. Кај мораме да седиме по 8 часа во затворена, вентилирана просторија за да обезбедиме парче месо и леб (место да се бориме со лавови во савана, на чист воздух и без ГМО), дури мораме и да си ги паркираме столиците на кои седиме на крајот од денот.

За среќа некој мислел и на тоа. Поточно, Nissan. Тие само што ги претставија своите самопаркирачки столчиња. Едноставно, доаѓа касно попладне, сите веќе завршиле со работа и станале – но безобразно ги оставиле столчињата несредени.

Нема проблем! Само плескате со рацете и тие се враќаат самите на своите места. Секако, непослушните вработени ќе можат директно да бидат одвозени во канцеларијата на директорот, придружени со хорор на нивните лица. Приказот е воведен за да може Nissan да се фали со својата технологија на автоматско паркирање во автомобилите. Тоа во превод значи дека тешко да се надевате на купување на вакви столчиња за вашата канцеларија наскоро. Сепак, кој би знаел…

Инаку, позицијата на столчињата се гледа преку четири камери кои им се визуелната алатка потребна за просторна навигација. Ако сметате дека постоењето на четири камери во канцеларија е загрижувачки, не очајувајте. Нели и така е подобро да се има комфорност него слобода и на сите „баш ни е гајле“ ако властите неовластено и без конкретна причина нè шпиунираат бидејќи немаме што да криеме?!

Како и да е, имам интересно претчуство дека ако ваков систем на паркирање за канцелариски столчиња се воведе во Македонија ќе се појави барем еден колега „паметњаковиќ“ кој ќе плесне со рацете додека има седнати луѓе и сето тоа ќе заврши со многу смеење и шеги, а по третото плескање може и да добие некоја од столиците во глава.

Дополнителни информации: Jalopnik, Engadget, The Verge

Претходна статијаiPhone 7 Plus ќе има двојна камера назад и 3 GB рам меморија
Следна статијаHonor V8 е нов телефон на Huawei со две камери и моќни компоненти