Вообичаена несакана појава во летните периоди се пожарите кои се причина за различни катастрофални настани. Се очекува овој проблем да стане уште по сериозен поради глобалните климатски промени кои со себе носат уште подолги сушни летни месеци.

Група научници од Универзитетот Беркли во Калифорнија предложија идеално решение со кое ќе бидат во можност да ги контролираат шумските пожари. Тие со специјален сателит FUEGO (Fire Urgency Estimator in Geosynchronous Orbit), сакаат да ги следат сушите во САД и со тоа да предвидат потенцијални катастрофални пожари.

Овој сателит  не е единствен кој има можност да го детектира и следи курсот на пожарите, но е прв кој ќе се постави во орбитата само за оваа цел. Со ова навремено би се детектирале пожарите и би се овозможило нивно гасење и спречување на поголеми катастрофи.

satelite-fire-system

satelite-fire-system2

За откривање на пожари во почетна фаза одамна се зборува, но сите досегашни обиди не биле успешни поради малата резолуција на опремата за снимање. Научниците овој проблем го имаат решено со новата генерација на сензори поврзани со многу брз хардвер. Со ова се овозможени неколу милијарди пресметки во секунда, на слика од 1 500 × 1 500 километри. Пример, за една минута би можело да се провери целата западна обала на САД. Дополнително е развиен и софистициран софтвер кој прави разлика помеѓу грешни аларми и вистински точки на пожар.

Во Октомври 2013 за првпат беше објавена веста за дизајнот и идејата на FUEGO, но до сега сè уште нема информации за негово производство.

Претходна статијаПредупредување за турбуленции преку GPS систем
Следна статијаLEGO коцки од 3D принтер