Иако авионите се најбрзо превозно средство за долги дестинации, сепак многу луѓе се одлучуваат за друг начин на патување, поради стравот од турбуленции и сите пропратни појави кои може да се случат при летање. Според Сојузната Воздухопловна Управа на САД, секоја година повеќе од 1000 лица се здобиваат со повреди причинети од турбуленции.

plane

Seth Gutman заедно со тимот научници од NCAR (National Center for Atmospheric Research) во САД работат на нов метод за навремено детектирање на турбуленции. Со GPS систем, кој служи како сензор во реално време за надгледување на воздушните услови, ќе се праќаат аларми на пилотите пред турбуленцијата да го погоди авионот.

За да може овој систем да функционира потребни се низи од GPS приемници поставени на фиксни локации на земјата. Секој би можел да се користи за детекција на турбуленција во областа која ја покрива, односно каде што се поставени GPS антените. Добиената информација ќе биде пренесена во систем за предупредување кој ќе ги известува пилотите.

Идејата е да се искористат постоечките ’’state of the art’’ GPS приемници, кои се користат за високо прецизни апликации, и да се вклучи одговор при катастрофи, геофизичко следење и сл.

plane2

Овој систем веќе постои, но поради пареата во атмосферата GPS сигналите многу доцнат и не е возможна навремена детекција. Задоцнетите информации се користат да се направат временски модели, но целата информација касни до 30 минути. Со ново предложениот метод на детекција овој временски интервал би се намалил на околу 1 секунда.

Еден недостаток на предлогот на Gutman е дека иако GPS сигналите можат да укажат на турбуленции во одредена вертикална линија, тешко е да се одреди на која надморска височина на таа вертикална линија би се појавиле проблеми.

Во зависност од финансиските средства, се очекува ова лето да се направи демо верзија на овој систем, но за негово реагирање на реални настани потребно е време.

Претходна статијаНови слики од Cortana, личниот асистент во Windows Phone 8.1
Следна статијаНаучниците од Беркли работат на сателитски систем за рано предупредување од пожари