gl10-hover-02-582x456

Хеликоптерите и авионите се разликуваат по начинот на функционирање и служат за различни потреби. Ако нема голем простор за полетување и потребна е голема маневрабилност, хеликоптерите се супериорни бидејќи можат да полетаат и да слетаат во неколку метри квадратни. Од друга страна, авионите се движат далеку побрзо и можат да пренесуваат далеку повеќе товар.

Дали некој досега помислил да ги спои во едно летало? Веројатно, но NASA само што го оствари тоа. Имено, нивното ново беспилотно летало со 10 мотори со ознака GL-10 е токму ваква машина. Таа може да полета од место насочувајќи ги моторите нагоре, а потоа да почне да лета како класичен авион вртејќи ги моторите кон напред. Моторите се поставени по должината на крилјата на авиоптерот (?) и два позади, а концептот на работа е искористен и претходно во Boeing V-22 Osprey.

NASA при создавањето на овој концепт досега потрошила време на неколку прототипови, дел од пена, дел од стаклопластика, а дел од јаглеродни влакна каков што е прикажан на видеото погоре. Некои од претходните прототипови биле загубени поради лошото летање и учењето на нивните летачки карактеристики, но најновиот модел го „возат“ прилично добро.

Тие се надеваат дека ќе придонесат кон еволуцијата на беспилотните летала кои ќе можат во исто време да се складираат многу и да полетуваат од практично било каде, а да трошат многу помалку гориво од хеликоптерските типови.

Извор: RT, Wired

Претходна статијаMicrosoft го покажа Windows 10 и за таблетите
Следна статијаНашата галаксија е уште поголема од што се мислеше досега