20150419mini-augmented-reality-glasses4

Недоволно големиот успех на Google Glass, првите очила кои буквално ги донесоа информациите од мобилниот телефон директно на вашето око, не ги поколеба компаниите за производство на автомобили. Имено, Mini, кој се наоѓа под капата на BMW, планира лансирање на очила за изменета реалност, кои ќе му ги прикажуваат најважните информации на возачот, директно на очите, без притоа да треба да го трга погледот од патот.

20150419mini-augmented-reality-glasses7

Со овие очила, возачот ќе може да испраќа пораки, да ја контролира музиката и да ги следи дирекциите од системот за навигација, односно радарот за заштита од судир, цело време држејќи ги очите на патот. На овој начин, Mini планира драстично да ја подобри безбедноста во сообраќајот и за патниците во автомобилот, но и за другите учесници.

Сепак, иновациите не застануваат тука. Денешните автомобили доаѓаат со многу камери, поставени на сите агли од возилото, кои исто така може да се прикажат на очилата. Вака, возачот ќе може да види агли или пак ниско поставени столпчиња, кои инаку не би ги видел без камерите и со тоа би избегнал поголема штета на својот автомобил.

20150419mini-augmented-reality-glasses7

Инаку, самите очила се целосно опремени со процесор на Qualcomm и една плејада сензори, кои вклучуваат Wi-Fi, Bluetooth и GPS и кои овозможуваат целосна поврзаност со мултимедијалниот систем во автомобилот. Оперативниот систем, како и кај Google Glass е секако Android.

Ваквото решение на Mini се противи на системите на конкурентите, кои сакаат целосно да го преземат возењето од возачот, односно автоматски да го управуваат автомобилот, бидејќи производителот од Британија, а и неговата мајка компанија BMW, алудираат на тоа дека нивните купувачи сакаат да ги возат своите автомобили, а не да бидат возени.

20150419mini-augmented-reality-glasses1

Покрај целосната технологија, бидејќи сепак се работи за Mini, очилата имаат и ретро – модерен дизајн, кој е целосно различен од минималистичкиот пристап на Google Glass. Во превод, овие очила не се само за функција. Со овие очила треба да бидете и видени.

Извор: Recode, The Verge

Претходна статијаКако ќе се користи тастатурата на Windows 10 со една рака?
Следна статијаSamsung Galaxy Tab A – просечен таблет со метална школка