Windows-10-One-handed-keyboard-phone

Има многу корисници на паметни уреди кои сакаат сите операции да ги извршуваат со една рака, а јас сум еден од тие. Тастатура која се адаптира за употреба со една рака е навистина корисно нешто, бидејќи не секогаш имаме можност да ги користиме двете раце за употреба на паметниот уред.

Во Windows 10 Technical Preview сега има вклучена тастатура наменета за употреба со една рака која е достапна само за уреди со дисплеј поголем од 6 инчи, како што е Nokia Lumia 1520, на пример.

Тастатурите за употреба со една рака се активираат со тоа што држите врз копчето за опции (&123) на тастатурата и потоа допирате врз иконата со тастатура, а таму можете да одберете дали тастатурата да биде централна, како што е секогаш, или дали да се помести истата налево или надесно зависно од тоа со која рака го ракувате паметниот уред.

Како втор метод за активирање на овие тастатури е и повлекување налево или надесно (соодветно за која страна сакате да ја придвижите тастатурата) врз копчето за празно место.

Ова е една од промените кои докажуваат дека Microsoft сè повеќе се грижи за корисничкото искуство на Windows 10. Сега останува да чекаме нова верзија на Windows 10 Technical Preview со цел да видиме колку нови работи ќе донесе.

Извор: Windows Central

Претходна статијаРеплики на Galaxy S6 се појавија на пазарот
Следна статијаMini ќе лансира очила со „изменета реалност“ кои ќе им помагаат на возачите