galaxy-tab-a-1-100580413-large

Samsung очигледно почнува да инвестира повеќе во изгледот на уредите од средната класа. Galaxy Tab A, таблет со спецификации кои го ставаат во долниот дел од средната класа добива метален елегантен изглед.

Спецификациите се ниски, барем за таблет, 1.2 GHZ Snapdragon 410, 2 GB рам меморија и 16 GB внатрешна меморија со можност за проширување со SD картичка до 128GB. Потоа, дисплејот со размер од 4:3 и резолуција од 1024х768 делува релативно разочарувачки земено предвид дека станува збор за уреди со 8 и 9.7 инчи.

Овие подпросечни таблети со елегантен изглед ќе чинат 229 долари и 299 долари за 8-инчната и 9.7-инчната верзија, соодветно. Таблетите ќе бидат достапни за нарачка на 1 мај. Доколку сакате S-Pen за поголемата верзија ќе мора да почекате до 21 мај, и тогаш таблетот ќе ве чини 349 долари.

Со оглед на тоа што таблетите изгледаат подобро од претходните серии кои беа направени од пластика, а згора на тоа додадете го на тоа Android Lollipop, и веќе станува јасно која е стратегијата на Samsung.

Извори: PCWorld, Android Police

Претходна статијаMini ќе лансира очила со „изменета реалност“ кои ќе им помагаат на возачите
Следна статијаЗошто Microsoft ќе користи „хамбургер“ менија во Windows Phone?