gear-vr
Gear VR од Samsung

 

Можеби кога ќе се спомене виртуелната реалност и уредите кои што ја овозможуваат, луѓето мислат на нешто понапредно кое што го имаме гледано во филмовите. Сепак, иако сега ги гледаме само почетоците на ваквата технологија, вклученоста на големите компании во развој на вакви уреди покажува дека истата ќе биде доста популарна.

Годината кога се очекува да бидат претставени поголемиот број на уреди за виртуелна реалност е идната, односно 2015. Веќе можевме да видиме во кој правец оди развојот на ваквите уреди преку Oculus Rift кои што беа купени од страна на Facebook, Project Morpheus од Sony, Gear VR од Samsung и слични.

Според информациите до кои што имаат дојдено од порталот TechRadar, но и уште неколку други, Microsoft треба да се приклучи на овој дел од пазарот со претставување на своја верзија од ваков уред. Времето кога се очекува да го претстават нивниот VR уред е некаде на почетокот од летото, поточно на E3 2015 настанот.

Изворите кои што ги имаат пренесено овие информации тврдат дека Microsoft веќе има функционални тест уреди кои што се тестираат од мала и ограничена група на луѓе. Интересно е што развојот наводно го води тимот кој што е задолжен за Surface уредите, наместо како што можеби би очекувале тоа да го прави Xbox тимот.

Уредите за виртуелна реалност кои што се во развој овој период и кој што ќе бидат претставувани идната година во основа се направени во форма на уред кој што се поставува на главата. Тој содржи екран и звучници, како и повеќе сензори со што се постигнува многу подобро корисничко искуство за разлика од гледањето во монитор кој што е оддалечен од очите.

Извор: TechRadar, DailyDot

Претходна статијаSprayLD – фотоволтаици кои можат да се испрскаат со спреј
Следна статијаКрег Луис – човекот што живее со вештачко срце без пулс
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.