Што би рекле на идејата дека секоја површина која има потенцијал да биде допрена од сончева светлина наскоро ќе може да биде претворена во таква која ќе создава струја? Научникот Илан Крејмер и неговите колеги од Универзитетот од Торонто успеале да создадат спреј кој може да ја претвори практично секоја површина во фотоволтаичен панел.
Тие создале течност која во себе содржи таканаречени Колоидални квантни точки (ККТ; CQD). Овие точки се минијатурен материјал од полупроводници кој е осетлив на светлина и се употребуваат во фотоволтаичната технологија. Под ударот на фотоните од светлината од нив произлегува електрично движење на електроните.
Досега ваквите ККТ беа печатени на тенки филмови кои се вградуваа во фотоволтаичките ќелии, во процес кој е многу скап и технолошки захтевен бидејќи печатењето се одвива од поединечно нанесување на слоеви од вакви точки дебели само еден атом. За среќа, Крејмер и колегите успеале да постигнат овие ККТ да можат да се нанесат со спреј на скоро било која површина.
По прскањето со спрејот потоа тие ги размачкуваат користејќи стандардна четка за распоредување на боја. Со овој метод тие успеале да достигнат 7,2% ефикасност на нивниот спреј со ККТ што е споредливо со филмовите направени во стандардните производни процеси, а е далеку поевтин и побрз начин на создавање на фотоволтаик.
Според нив, ако се испрска покривот на некоја кола со ваквиот спреј ќе може да се напојуваат до три 100-ватни стандардни светилки или дури 24 компактни флуоресцентни светилки.
По се` изгледа дека во блиската иднина ќе бидеме во можност самите да си создаваме фотоволтаични ќелии по пристапна цена и да ја намалиме зависноста од големите доставувачи на електрична енергија.